Насловна / Арт и дизајн / Десет најчудни лифтови на светот (1)

Десет најчудни лифтови на светот (1)

Не е точно познато од кога потекнува овој пронајдок без кој не може да се замисли модерното живеење, но се претпоставува дека првиот лифт бил изграден од страна на Архимед во 236 година пр.н.е.  Принципот на работа останува ист и во времето на индустриската револуција. За прв модерен лифт се смета оној изграден во 1734 година еклсклузивно за Луј XV.  Во продолжение Ви ги претставуваме првите пет од десетте најнеобични лифтови денес ширум светот.

AquaDom, Берлин

Несомнено, еден од најчудните лифтови изграден како 25 метри висок цилиндричен и транспарентен  базен за риби. Лоциран е во Radissson Blue хотелот во Берлин, содржи милион литри вода и 1 500 риби од 50 различни видови. Резервоарот се чисти секојдневно.

akva-dom-berlin akva-dom-berlin1 akva-dom-berlin2

 

Luxor, Лас Вегас

Овој лифт им овозможува на гостите движење под агол од 39 степени долж работ на пирамидалната форма на објектот во Лас Вегас. Доживувањето на оваа модерна пирамида и околината е посебно впечатливо навечер.

luksor-las-vegas2 luksor-las-vegas1 luksor-las-vegas

 

Sky Tower, Нов Зеланд

Му требаат 40 секунди за да стигне до највисокиот кат. Сите површини му се транспарентни, па дури и подот. Затоа, ова искуство се препорачува за похрабрите.

skaj-tauer-nov-zelend skaj-tauer-nov-zeland1 skaj-tauer-nov-zeland2

 

Rising Tide, Oasis of the Seas

Бар сместен во лифт. Rising Tide е првиот бар во движење во светот. Носи 35 патници и персоналот на барот. Неверојатно искуство за патниците на Royal Caribbean крузерите.

rajzing-tajd-oasis-of-the-seas rajzing-tajd rajzing-tajd2

 

Falkirk Wheel,  Шкотска

Се работи за ротирачки лифт за бротчиња, лоциран во близина на градот Фалкирк. Отворен е за употреба во 2002 година.

falkirk-weel-skoptska falkirk-weel1-skotska falkirk-weel2-skotska

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top