Насловна / Вести / Десет мостови кои спојуваат и државни граници

Десет мостови кои спојуваат и државни граници

Мостовите се извонредно значајни инфраструктурни градби кои истовремено се и симбол за спојување, помирување, обединување на различностите. Во галеријата што следува, можете да погледнете примери на 10 прекрасни мостови кои и буквално обединуваат различни земји и народи бидејќи премостуваат државни граници.

1. Ambassador Bridge (САД-Канада)

Мостот што ги поврзува Детроит и Виндзор е најфреквентната државна граница во Северна Америка. Се работи за висечки мост долг 2300 метри.

Ambasador btidz SAD Kanada

2. Second Severn Crossing (Англија – Велс)

Second_Severn_Crossing Anglija Vels

3.  Øresund Bridge (Данска – Шведска)

Комбиниран мост за патнички и железнички сообраќај кој ги поврзува Малме и Копенхаген. Се работи за најдолг мост од ваков вид со должина од 7845 метри.

Oresund Danska Svedska

4. Three Countries Bridge (Франција – Германија – Швајцарија)

Лоциран на тромеѓето од овие три држави, мостот ја минува Рајна и ги спојува Франција и Германија. Мостот е исклучително убав со сообраќај исклучиво за пешаци и велосипедисти.

Tri drzavi most Fr-D-CH

5. Rainbow Bridge (САД – Канада)

Мостот е отворен во 1941 год., долг е 440 метри и ги спојува водопадите на Нијагара од двете страни на државната граница. Овозможува неверојатен поглед, а името го добил поради редовното појавување на виножито над водопадите.

Rainbow_Bridge ASA - Kanada Rainbow bridge1

6. New Europe Bridge (Бугарија – Романија)

Овој мост минува над Дунав и ги спојува Видин и Калафат. Отворен е во 2013 г. и има должина од 1971 метар. Се работи за втор мост на Дунав кој спојува државни граници.

Kalafat - nova evropa most Romanija BG

7. Victoria Falls Bridge (Зимбабве – Замбија)

Во близина на Викториините водопади, мостот има должина од 198 метри и отворен е во далечната 1905 година. Се издига на височина од 128 метри над реката Замбези.

Virdzinija vodopadi most Zambija Zimbabve

8. Allenby Bridge -King Hussein Bridge (Израел/Палестина – Јордан)

Ја минува реката Јордан и ги спојува Западниот брег, Јордан и јорданско-израелската гранична контрола на другата страна. Мостот има многу долга историја. Првично, тука бил изграден мост во времето на Отоманската империја во 1885 год. Во 1918 година тој е заменет со нова конструкција од страна на Британците. Мостот е унишетен во 1967 година во текот на т.н. „шестдневна војна“. Во 1968 изграден е привремен дрвен мост, а од 1990 година постои денешната модерна структура.

Alenbi-Kral Husein most Jordan-IzraelPalestina

9. Bridge of No Return (Северна/Јужна Кореја)

Мостот е лоциран во демитализираната зона помеѓу Северна и Јужна Кореја. Не се работи за типичен граничен премин. Во минатото, мостот се користел за размена на заробеници во времето на Корејската војна во 1953 година. Последен пат бил користен за таа цел во 1968 година. Од 1976 година мостот не е во употреба.

Most bez povratok Severna - Juzna Koreja Panmundzon

10. (Таџикистан – Авганистан)

Отворен во 2007 година, мостот ги поврзува Авганистан и Таџикистан, но неговата изградба е финансирана од САД, и долг е 672 метри.

Most megju Tadzikistan i Avganistan

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top