Насловна / Вести / 10 години НаТочак – потсетување на сите Наши битки!

10 години НаТочак – потсетување на сите Наши битки!

“Промени има, но далеку сме од тоа што Скопје можеше да биде денес доколку постоеше институционална посветеност на велосипедскиот сообраќај”.

poster

Во пресрет на одбележувањето на 10-годишнината од постоењето на граѓанската иницијатива НаТочак, кое ќе се одржи оваа сабота, со почеток во 11 часот од Плоштад Македонија, тие ја потсетија јавноста и институциите преку социјалните медиуми на тоа што е сменето во поглед на велосипедскиот сообраќај во Скопје во последната деценија.

Најголемите промени во велосипедската инфраструктура во градот се случија во последните 10 години, откако група велосипедисти под името НаТочак започнаа организирано да делуваат во насока на покренување на свеста за велосипедот како превозно средство и да бараат од надлежните органи подобри и побезбедни услови за движење во град кој тогаш имаше очајна велосипедска инфраструктура.

„Ако споредиме со деценија претходно, направено е многу, но, сепак далеку сме од она што Скопје можеше да биде денес доколку имаше поголема посветеност од страна на институциите и посериозен пристап кон велосипедскиот сообраќај“ е заклучокот на НаТочак. „Скопје Велоград“ е сè уште визија, а не реалност, автомобилскиот сообраќај е сè уште приоритет при сообраќајното планирање, а изминатите десет години беа борба за докажување, поучување и прикажување примери од многу европски градови за тоа како изгледаат достојни услови за возење точак. Таа борба ни оддалеку не е завршена и ќе трае бидејќи бројот на велосипедисти драстично се зголеми, а инфраструктурата и безбедноста заостануваат и не ги следат потребите на Скопјани.

Најгорчливите проблеми денес се во делот на безбедноста каде има незабележителни промени и таа тема сè уште третира на ниво на лична одговорност, во 2022 година Скопје нема мултимодален транспорт и се дизајнираат улици и булевари без да се земат предвид велосипедистите. Од друга страна, имавме позитивни примери на стеснување на сообраќајни ленти за да се издвои велосипедска патека, велосипедситите за првпат влегоа во статистиката, а се уредија и постоечките патеки од 70-тите и 80-тите во функционална инфраструктура долж булеварите.

Одбележувањето на 10-тиот роденден на НаТочак, во сабота, ќе започне со 90-тата по ред Критична Маса од Плоштад Македонија во 11 часот, а ќе заврши во МКЦ со музичка и забавна програма.

1

2

 

3

 

4

 

5

 

6

 

7

Испрати коментар

Scroll To Top