Насловна / Архитектура / 10 Најголеми Архитектонски Утки

10 Најголеми Архитектонски Утки

utka.jpgЗградите некогаш
се лоши поради
аматерската
изведба, но
почесто се работи
за преголемата
амбиција на
архитектите
што знаат да се
„заборават“ во
своите дизајнерски
решенија сакајќи
да создадат
бесмртно дело.
Witold Rybczynski,
професор
по урбанизам во
Пенсилванија
(САД), во текстот
„Добар обид“
(Nice Try) поставен
на сајтот Slate.
com,

го сврте
вниманието на
светската јавност
посочувајќи 10
големи утки во
архитектурата,
кои се одбрани
според едноставни
критериуми:
преголеми буџети,
познати имиња
на архитекти,
славни проекти
и …. лошите
архитектонски
решенија кои им
создаваат големи
проблеми на
инвеститорите.

 

utka1.jpgStata Center, Frank Gehry (MIT). Кога MIT ја отвори новата зграда Stata Center во 2004 година, идиосинкратичното решение на архитектот Frank Gehry кај многумина создаваше чувство дека зградата се распаѓа. Три години подоцна, овој впечаток се засили кога Универзитетот го тужеше архитектот и изведувачот за проектантски и изведувачки грешки. Robert Campbell, архитектонскиот критичар за Boston Globe, истакна дека MIT морал да знае што ќе се случи. „Ако градите објекти на Frank Gehry , знаете дека ќе има голем број проблеми по изведбата на објектот“, вели тој.

Denver Art Museum е објект кој привлекол внимание не со дизајнот на проектанското биро Studio Daniel Libeskind, туку со прокапувањето вода од таванот. Иако нов, морал да се реновира, а работите вклучувале обложување на делови од поutka2.jpgкривот, повторна изградба на парапети и модификација на светларникот. Според локалната телевизиска станица, градот што е сопственик на зградата и изведувачот на работите, се во период на медиација за да се договорат кој ќе ја плати штетата и кој е за неа виновен. Можеби ќе помислите дека денверските обилни снежни врнежи имаа пик на склоноста на архитектите да се зафатат со необична и неиспробана форма, но потрагата за иновации, охрабрена од јавноста што преферира такви градби и попустливи клиенти, очигледно преовладале со здравиот разум. На експериментите им е место во лаборатории, не на градилиште, заклучува Rybczinsky.

utka3.jpgОвој објект во Бостон, изграден помеѓу 1965 – 1972 година, претставува пример за совршена минималистичка структура. Уште пред отворањето на овој облакодер од 60 катови, стаклото создавало проблеми, а прозорските окна паѓале под дејство на ветерот. На крајот, толку многу прозорци се искршиле што жителите на Бостон објектот го нарекле "Ply in the Sky" (шпер плоча во облаците). Панелите составени од двослојно рефлексно стакло, кое создава ефект на кристал, не пукале поради силниот ветар, туку затоа што надворешниот слој на стаклото имал поинакви дилатации од внатрешните. Исто така, зградата е многу вита, па било потребно повеќе челик за конструкција, како и дополнителен механизам за контрола на претераното извивање. Објектот е пример за опасноста на испитувањето на крајните граници на технологијата во пракса.

„Архитектонското дело треба да го посматраме од временска дистанца која ќе покаже дали е добро или лошо“, вели I.M. Pei во документарниот филм за архитеutka4.jpgктите First Person Singular, Peter Rosen од 1997 год. Иронија е што зградата East Building во Вашингтон, што многумина ја сметаат за негово ремек-дело, по 30 години од изградбата мораше комплетно да се реновира поради големиот број грешки во проектот. Како најголема грешка се смета тоа што фасадните панели од мермер почнале да попуштаат и 16.200 камени плочи морале да бидат реинсталирани. Вредноста на реновирањето е проценето на 85 милиони долари. Според Wall Street Journal, проблемот е во тоа што фуги помеѓу плочите всушност и не постојат, па нема простор за „работа“ на мермерот како последица на температурните промени.

Кога Lincoln Center Philharmonic Hall бил отворен во 1964 год. во Њујорк, било очигледно дека има некаква сериозна грешка во проutka5.jpgектот затоа што акустиката на салата била исклучително лоша. Max Abramovitz, архитектот на салата, повеќе го интересирал дизајнот на фасадите, отколку практичноста на објектот. Акустичарот Leo Beranek, бил безгласна буква и не успеал да го наметне своето решение. По пет обиди да се решат проблемите на акустиката, преземени се драстични мерки, и во 1976 година зградата доживеала комплетна реконструкција. Овој пат архитектот Philip Johnson со акустичарот Cyril M. Harris, ги спуштиле плафоните, го смениле аголот на подот и ја замениле заднината на бината. Новата зграда добила и ново име, Avery Fisher Hall, и била подобра од претходната. Овој пат музичарите можеле барем да се слушнат самите себе, но тоа било се уште далеку од објект со добра акустика. Во 2005 година објектот е реконструиран уште еднаш, исто така со цел да се подобри неговата акустика, овој пат според бирото на Foster + Partners.

utka6.jpgОтворањето на Centar Georges Pompidou беше голем спектакл во 1977 година на кој се уште се сеќаваат постарите Парижани. Сепак, 20 години подоцна, зградата е затворена поради голема реконструкција. Француските власти тогаш тврдеа дека во прашање е само обична обнова, поради интензивната употреба на популарниот музеј. Но, „шминкањето“ потрајало три години и чинело безмалку половина од сумата за која е изградена, па во јавноста почнало да се шушка за грешките во проектот и во изведбата на објектот. Архитектите Richard Rogers и Renzo Piano, создале иновативно решение изложувајќи ги пред фасадите не само конструктивните елементи, туку и лифтовите, скалите, цевководите и другите инсталации. Се воспоставило дека ова и не е така добра идеја, дури и во релативно благата париска клима. Ни Rogers, ни Piano, никогаш повеќе не направија ваква брзоплета грешка во кариерата.

utka7.jpgMillennium Bridge, Foster, Caro i Arup (London). Тимот што го проектирал победничкото решение за мостот Милениум преку Темза, го вклучувал не само архитектот Норман Фостер, скулпторот Антони Каро, туку и една од најголемите градежни компании на светот АРУП. Мостот требал да има ниска профилација која резултирала со конструкција со подвижна суспензија. Сепак, три дена по отворањето, пешачкиот мост морал да биде затворен. Проблемот бил во тоа што проектантите се навикнале да работат со едноставни движечки оптоварувања, како што се автомобили и возови. Меѓутоа, тежината на човекот се пренесувала од една на друга нога создавајќи попречни сили, а овој мост во еден момент има на себе и по 2000 луѓе. Флексибилниот мост ги примал овие движења, се свиткувал на страна, што доведувало до понатамошно зголемување на страничната амплитуда. Било потребно две години за да се проектираат и изведат амортизери кои го решиле проблемот на мостот што Лондончаните сега го нарекуваат Wobbly Bridge (wobbly -климав).

 


utka10.jpgFrank Lloyd Wright исто така експериментирал, и тоа со подното греење, со облакодери направени од заварени стаклени цевки, со ингениозни евтини конструктивни решенија од дрво и бетон…. Некои од експериментите функционирале, други не. Wright кратко студирал градежништво, но неговите идеи во врска со конструкцијата биле повеќе плод на интуиција, отколку на вистинско знаење. Според историчарот на архитектура Franklin Toker, Wright-oвите асистенти често го зголемувале бројот на арматурните шипки без негово знаење. Тој имал успешни конструкции, како што е на пример, хотелот Империјал во Токио што издржал серија големи земјотреси, но и многу неуспешни конструкции кои биле демонстрирани со паѓање на конзолите. Најдраматичен пример е куќата на водопадите. Нејзините висечки балкони кои и даваат карактер, почнале да се извиваат веднаш по завршување на изградбата во 1937 година. Во 2002 година ултразвучните тестови покажале дека арматурата во конзолите е несоодветна и дека постои опасност балконите сосема да се срушат.



utka8.jpgКонцепт на градот, Le Corbusier. Во 1950 година, кога државните фондови станаа отворени за урбаната реконструкција и масовната станбена изградба, архитектите и урбанистите сметаа дека имаат одговор за изградба на цели градови. Еден од нив е концепт на градот Radiant City на Le Corbusier. Toj се базирал на големи блокови со стандардизирани паркинзи, наместо традиционални улици и збиени згради. Наскоро, десетици илјади луѓе биле сместени во овие утописки населби. Тогаш, сместувањето семејства на височина не само што се покажало како многу лоша идеја, туку проблем бил и концентрацијата на сиромаштија. Вандализмот, криминалот и наркоманијата цветале.

utka9.jpgВо 20-тите години на минатиот век, рамните покриви важеле за ризично решение во објектите. Меѓутоа, тоа не го спречило Le Corbusier, токму овој вид покрив да го направи препознатливиот знак на интернационалниот стил. Le Corbusier ќе остане запаметен во историјата и по тоа што предложил механички запечатени згради со систем за вентилација и надворешни ѕидови од двојно стакло помеѓу кои струи топол или студен воздух. Willis Carrier успешно ја инсталирал климатизацијата во зградата Бруклин речиси три децении порано, но таа техногија уште тогаш била новост во Европа. Во 1929 година Le Corbusier добил шанса да ја тестира својата идеја на зградата Cité de Refuge, во хостелот на Армијата на спасот во Париз. Оваа зграда и денес изгледа восхитувачки, ама нејзините карактеристики се лоши. Ограничениот буџет дозволил само едноструко стакло на јужната фасада. Во зградата било толку жешко, што управата наредила вградување на прозорци кои можат да се отвораат.

Испрати коментар

Scroll To Top