Насловна / Архитектура / Länk Arquitectes, прва награда на манифестацијата Europan 16

Länk Arquitectes, прва награда на манифестацијата Europan 16

Архитектонското студио од Барселона, Länk Arquitectes, ја освои првата награда на манифестацијата Europan 16, за локацијата Еспарагуера, Шпанија. Колонија Седо е индустриско место, на брегот на реката Лобрегат, помеѓу Еспарегуера и Олеса де Монсерат.

4

2 1

Тоа е интрамурален ограничен простор со единствен пристап и со јасно зонирање и сегрегација во намените. Во моментот, фокусот е ставен на станбената област каде што природниот дисконтинуитет е најочигледен. Се предлага нова состојба која е полупропустлива и повторно поврзана со својата околина. За таа цел се предлагаат конкретни интервенции за подобрување на урбаната и природната пермеабилност на комплексот.

Länk Arquitectes предлага со селективна рехабилитација да се вклучат и домувањето и опремата и, во исто време, да се создаде нова мрежа на мешани и меѓусебно поврзани програмски циркулации. Интервенцијата има за цел да генерира мрежа од рути кои го поврзуваат и го подобруваат природното и архитектонското наследство на местото. Се обновува и еколошкиот континуитет помеѓу планината и реката, на овој начин се затвора водениот циклус и колонијата не генерира дисконтинуитет. Новиот модел бара самостојност и исто така генерира позитивно влијание врз неговата околина.

5 6 7

Колонија Седо е изолирана индустриска област веднаш до реката Лобрегат. Неговата имплементација на територијата заврши со генерирање на „рана“ и природен дисконтинуитет меѓу планината и реката. Денатурализацијата е евидентна и денес, а колонијата е во процес на деградација и распаѓање што е тешко реверзибилен процес. Предлогот нуди санација на оваа рана за да се постигне максимален еколошки континуитет помеѓу планината и реката низ целата непосредна област.

8 10 9

Зачувувањето на наследството мора да се гледа пошироко и подалеку од зачувување на физиономијата на колонијата, па така и биодиверзитетот, како вид на наследство исто така мора да се обнови и зачува. Во иднина колонијата со сигурност ќе стане место за живеење и работа, штом природата ја преземе водечката улога.

Предлогот се состои од две главни интервенции:

1. Отстранување на архитектонските бариери и застарени дисконтинуитети, постигнување поголема урбана и биолошка пропустливост.

2. Стратешка ренатурализација на значителен дел од слободните простори на колонијата.

11 12 14 15

Исто така, овие стратегии имаат за цел да ја подобрат поврзаноста на контекстот со неговата непосредна околина. Се планира одржување на постојните пристапи и подобрување на нивните услови за да се избегне условување на регенерацијата на комплексот со големи инфраструктурни трансформации. Исто така, селективните и стратешките активности за елиминирање на бариерите ќе им овозможат на корисниците да уживаат во широк спектар на велосипедски и пешачки рути кои ги поврзуваат со природата, културното наследство и локалниот биодиверзитет.

Селективната рехабилитација на некои патишта поврзани со нови пешачки рути кои ќе понудат  континуирани зелени коридори и пријатно движење низ одредени области на индустриското ткиво. Овие рути ќе се протегаат кон северната област на блокот, повикувајќи ја интеракцијата која отсекогаш била блокирана и ќе понуди кружни стази избегнувајќи ја сегашната линеарна шема во рамките на една патека, помеѓу станбените и индустриските зони.

Детектирани се неколку објекти кои, поради нивната стратешка положба, типологија и историско значење, може да се трансформираат и ревитализираат односно повторно искористат за да се сместат нови активности, нови станбени типологии итн. Растот на станбените објекти мора да се спроведува прогресивно, според реалните потреби и преку оптимизиран модел за да се понудат подобри услови за живеење.

16

Благодарение на овој принцип, половина од новата станбена површина што се очекува да се зголеми би можела да се смести во индустриската зона. Ова значително ќе го минимизира отпечатокот на новите згради во станбената зона и во исто време ќе гарантира вистински модел за комплексите со мешани намени во непосредна близина. Во глобалната визија на целината, сметаме дека е итно да се активира преминот од линеарен метаболизам (кој ја карактеризира колонијата до денес и постепено ја деградира) кон кружен метаболизам, во кој циклусите на енергијата, материјалите и економијата е затворена.

Новиот модел предложен за колонијата бара самодоволност, но и позитивно влијание врз природната средина, како и врз околните градови и заедници. Стратегиите за урбан развој денес, се обидуваат да обезбедат и  природно филтрирање на водата како ресурс што ќе донесе придобивки за реката Љобрегат и нејзиниот биодиверзитет.

Испрати коментар

Scroll To Top