Во земјава во текот на минатата година, бесправно биле изградени 1.061 објекти, објави Државниот завод за статистика.
Според видот на објектите, бесправно се изградени 232 објекти за домување, 163 доградби, надградби и адаптации, 104 деловни објекти и 82 гаражи.
Според податоците на ДЗС, најголем дел од дивоградбите, односно 98,4 проценти, се приватна сопственост.