Насловна / Архитектура / Ресторан со кула во хармонија со локалниот контекст на село во Кина

Ресторан со кула во хармонија со локалниот контекст на село во Кина

Архитектонското студио y.ad беше задолжено за реализација на новиот ресторан заедно со кула за набљудување што хармонично се вклопуваат со локалниот контекст на селото Хонгчијанг, во провинцијата Жеџијанг, Кина.

4-copy-1

6-copy-1 5-copy-1

Местото секоја година привлекува многу посетители кои им се восхитуваат на црвените есенски лисја. На север од селото се наоѓа огромно пространство со оризови полиња, додека на југ е позиционирано мирно езерце опкружено со шума од црвени дрвја, која служи како инспирација за создавање на кулата за набљудување.

9-copy-0 8-copy-0

Идејата на y.ad studio проектот да ги исполни функциите на јавна станица со новиот ресторан, покрај вклучувањето на кулата за набљудување како фокусна точка. За таа цел, архитектите ги организираат различните функции во четири различни блокови околу централниот двор. , ткаејќи таписерија од паралелни, тродимензионални простори низ меѓусебно поврзани ходници и вертикални скали помеѓу блоковите.

10-copy-0

13-copy-0

Реализирана е кровна конструкција со нагиб, се со цел прилагодување кон количината на обилните врнежи во овој регион и во исто време и се оддадава почит на традиционалната архитектура на Џиангнан, со структури кои ја разбиваат монотонијата и инкорпорираат отвори, за да овозможат природната светлина да навлезе во внатрешноста, создавајќи игра на светлина и сенка. Како главен материјал на фасадата се користат ламинирани бамбусови панели, со потемен тон кој елегантно ја надополнува природната средина и вегетацијата, спојувајќи се со контекстот на хармоничен и дискретен начин и поттикнувајќи длабоко чувство на спокојство и интимна врска со околината.

12-copy-0 15-copy-0

14-copy-0

19 18

Со неверојатна панорама на шумата, локацијата привлекува толпа од посетители, кои им се восхитуваат на црвените лисја на есен. За време на инаугуративната посета на архитектите, иако лисјата веќе беа паднати, еден поинаков шарм ги плени нивните сетила. Тимот предвидуваше искористување на постоечките еколошки услови до својот полн потенцијал. Хармоничната фузија на зградата со нејзиното природно опкружување се појави како фундаментално правило и водечки принцип во процесот на проектирање.

20 21

23

Преку издигнатите тераси и пристапот на наслојување, трпезаријата нуди врамени погледи на пејзажот и водата. Непосредната надворешност се состои од тремови, живописни патеки, зелени коридори и рекреативни тревници. Овие прецизно планирани туристички патеки овозможуваат хармонична интеракција на локацијата, волумените, корисниците, езерата и црвените шуми, поттикнувајќи динамична интерактивна средина.

Контекстот доживуван одвнатре е, курираната интеракција на светлината, сенката и намерните просторни искуства кои при фузија создаваат длабока врска помеѓу поединците и природата, приближувајќи ги посетителите со непосредната средина. Местоположбата на кулата, дополнително го подобрува извонредното искуство, поттикнувајќи подлабока врска меѓу луѓето и природата.

24 25 26 2731

Испрати коментар

Scroll To Top