Насловна / Архитектура / Пушкинова – Чешка архитектура со слободен дух

Пушкинова – Чешка архитектура со слободен дух

Кон крајот на деветнаесеттиот век се случиле големи општествени промени во српското општество кои ги следеле и промените во развитокот на просторот и градовите.

Новата држава морала забрзано да ги следи трендовите кои постоеле во Европа во тој период, за што било потребно многу труд и мудрост за да се успее една нова држава да се модернизира за кратко време. Покрај желбата главниот град да се развива по примерот на европските градови, владетелите биле принудени да повикуваат учени луѓе од странство, кои донесувале знаење и искуство, кое недостасувало на овие простори.

DJI_0660

Првиот значаен објект од тој период, кој и денес постои во Белград е „Капетан Мишино здање“, проект на чешкиот архитект Јан Неволе (1812-1903). Тоа била најмоќната и најмонументалната зграда во Белград во тој период. Денес, некои 150 години подоцна, најјасно од сите влијанија се гледа влијанието на градителството и архитектурата кое странците го имале на овие простори во периодот помеѓу двете светски војни.

_MG_5694-HDR(3)

ВЛИЈАНИЕТО НА ЧЕШКАТА АРХИТЕКТУРА

Надалеку е позната работата на руските архитекти кои по Октомвриската револуција дошле во Југославија, но покрај нив значаен е и придонесот на чешките архитекти, како што е Јан Дубов, кој ја проектирал Астрономската опсерваторија во 1929 година или Јарослав Прхал од Ателјето на Матија Блех, кој во текот на 1928 и 1929 ја направил зградата на „Српско – американската банка“. Покрај проектите на чешките архитекти во тогашна Југославија, изгледот на градовите го менувале и југословенските архитекти, кои своите знаења и први искуства ги стекнувале во тогашна Чехословачка, како што се Момир Коруновиќ, Александр Дероко, Светомир Лазиќ и Никола Добровиќ.

По три години изградба, пред извесно време во Белград е завршена станбена зграда со 10 станови во населбата Сењак. Во денешно време на хиперпродукција на просечна станбена архитектура тоа и не би била вест доколку новоизградениот објект не претставува мала револуција во архитектонскиот пристап кон луксузната станбена изградба на овие простори.

DJI_0669

ПУШКИНОВА РЕЗИДЕНС

Инвеститорот, чешката компанија СЕБРЕ, направила ексклузивен станбен објект кој го потпишува архитект од истата земја, Станислав Фиала кој повеќе пати бил ангажиран од страна на инвеститорот.
Името на објектот е Пушкинова резиденс, по улицата во која се наоѓа, Пушкинова. Објектот е сместен на југозападната страна на населбата Сењак со отворен поглед кон населбата Кошутњак и хиподромот. Положбата и ориентацијата на објектот влијаеле на архитектонската форма и израз, со цел максимално да се искористи погледот кој се пружа. На четири ката сместени се десет стана, од кои девет се за продажба и изнајмување, додека на последното ниво е сместен пентхаус. За секој стан предвидени се по две паркинг-места, едно од страна на улицата и едно во приватниот паркинг-простор кој е сместен под градините на приземните станови.

_MG_5856-HDR(3)

Карактеристика на објектот е нагласената ликовност на уличниот фронт со кој доминираат бетонски настрешници со неправилни форми, кои се поврзани со стаклени елементи и заедно прават единствена целина. Покрај бетонот, материјал кој е присутен и во ентериерот, карактеристична е и употребата на дрво како елемент на фасадата и инвентивна употреба на челик за столбовите, гредите и оградата на објектот. На формата и архитектонското доживување на самиот објект влијае неправилниот облик на отворите кон уличниот фронт. Неправилната форма ја следи и обликот на влезната стаклена врата во објектот, како интересен детал на „тотал дизајнот“ кој е очигледен и во ентериерот на објектот.

_MG_6987-HDR(3)

Становите се така ориентирани што немаат отвори кон уличниот фронт, туку кон бочните страни на објектот и пред сè кон југозапад, користејќи ја ориентацијата на зградата, така што отворите кои одат по целата катна висина овозможуваат комуникација на надворешниот и внатрешниот простор. Како заштита од прекумерното сонце поради ориентацијата и големите стаклени површини секој стан има големи, подвижни тенди во зелена боја кои од висина изгледаат како дел од пејзажот кој се наоѓа на ниво на градината.

_MG_6698-HDR(3)

Колку се мислело на секој детал, покажува и тоа што оградата на терасите е направена од мрежаст материјал кој не го блокира погледот, а истовремено, за разлика од стаклото не е подложен на валкање на начин да влијае на видливоста. Иста технологија, употреба на мрежа како заштита се користи и во ентериерот, кај скалите, кои изгледаат како слободно да стојат во просторот.
Технолошките карактеристики на  објектот претставуваат симбиоза на  увозни технологии, како спомнатата мрежа или осветлувањето во влезот и локалните изведувачи кои ги изработиле сите дрвени елементи во зградата. Употребата на бетон, дрво и камен видлива е и во ентериерот на становите, со што внатрешниот јавен простор и становите на некој начин создаваат единствена целина. Покрај внимателно проектираните архитектонски детали, објектот има и високотехнолошки карактеристики како топлотни пумпи, плафони кои го ладат просторот, подно греење во целиот стан, подвижни тенди, автоматски систем за поливање на зеленилото и видеонадзор. Становите се со површина од 130 до 170 квадратни метри со различна просторна организација, каде е карактеристичен пространиот дневен престој, кој се состои од дневна соба и кујна со трпезарија како заедничка целина. Исто така, интимното доживување на просторот зависи од тоа на кој кат се наоѓате. Становите на горните катови оддаваат впечаток на поурбано градско опкружување, каде од тераса можат да се видат и патиштата и сообраќајниците, движење и градски живот, додека становите на приземје поради приватниот двор даваат впечаток на живот во приватна куќа. Така е добиена можност, во зависност од катот, корисникот да го избере карактерот на станбениот простор во кој сака да живее.

_MG_6824-HDR(3)

Белград се менува, можно е на различни начини да се забележат промените во градот каде е карактеристична сеопшта дихотомија и крајно хетерогена слоевитост на различни општествени, архитектонски, историски и политички околности. Во ваква ситуација во градот можат да се најдат крајно различни објекти од висока класа или луксузна градба, а кои коегзистираат во својата различност. Во моментов во градот има повеќе градилишта на објекти од преку 20 ката, од вкупно што ги имало во последните 30 години заедно, што говори за фактот дека нешто се променило и дека работите и натаму се менуваат. Можеби општествените промени, на кои сме сведоци, а на кои и не сме свесни, довеле до нов бран на модернизација која за резултат ќе има и нова архитектура на Белград, што на овој град ќе му донесе знаење и тенденции од архитектонски повредни средини.

_MG_6884-HDR(3)

Можеби Станислав Фиала е нов Јан Неволе, а Пушкинова резиденс ново „Капетан Мишино здање“ на нашето време, а тоа не можеме да го видиме од сегашната перспектива. Ова е објект кој му треба на Белград, како пример дека архитектурата може да биде со слободен дух, на радост на Белград и сите кои ја сакаат архитектурата.

_MG_5905-HDR(3)

_MG_6095-HDR(3)

_MG_6824-HDR(3)

Испрати коментар

Scroll To Top