Сигурен сум дека сте читале многу интересни работи за многу градби, кои
не само што се чудни туку можат да се сметаат и како застрашувачки. Но
не верувам дека сте слушнале дека постои и црква во која може да се
живее. Да, црква која се наоѓа во центарот на Лондон е трансофмирана во
еден од најскапите домови во Англија, и сега е на продажба по цена од
околу 40 милиони евра.
Таа била изградена во 1837 година, на земјиште кое било купено за само 300 фунти, но пред 15 години заради итна реконструкција на друг црковен имот, оваа црква била продадена за еден милион фунти. Објектот го купил писателот Ален Бубли, автор на “Клетници” (Les Misérables) и на “Мис Сајгон”, и го претворил во свој дом. Во 2009 година тој ја продал куќата за 13,5 милиони фунти.
Дел од црквата останал да работи со верници, а преостанатиот дел со инвестиција од 10 милиони фунти бил адаптиран во рок од три години во совршено здание со модерен и луксузен изглед.
Но, оваа сума сепак е преголема за обичните смртници, па жителите од улицата коментирале дека само грст луѓе од Англија или пошироко, имаат шанса да ја купат и да се вселат во куќата.
Многумина се сомневале дека вакво место може да биде претворено во дом, но оние што влегле во куќата, многу бргу го отстраниле сомнежот. До самиот влез се наоѓаат скали кои водат до врвот, но и мал лифт целиот во стакло, а големиот меѓупростор, заради висината во самиот објект, има еден вид на меѓукатен простор. Станува збор за модерна и со стил уредена раскошна куќа во која се наоѓаат седум спални соби, пространи простории, базен, сауна, теретана и бар, додека техничката опременост на куќата е неверојатна.
Во главната дневна соба постои и плазма екран, толку голем што можат симултано да се гледаат осум канали во исто време. Она што е особено важно, е што при адаптацијата на црквата се заштитени сите мурали и витражни прикази, со што вредноста на домот е огромна од уметничка точка.
Драган Ристов