Скопје – Премиерот Никола Греувски најави дека наскоро преку јавно-приватно партнерство ќе почне изградба на нови студентски домови во Скопје, Тетово и Штип. Постапката и подготовките се започнати, а наскоро треба да биде официјализирана и од Владата.
– Веќе е договорено со министерот за образование и наука Никола Тодоров,
а нскоро ќе биде поставено и на Влада да се влезе во процес на
јавно-приватно партнерство преку кое во Скопје, Тетово и Штип ќе се
изградат нови студентски домови. Подготовките веќе се започнати, а и
Владата наскоро тоа треба да го реализира како одлука, изјави Груевски.
Тој нагласи дека се надева оти во текот на втората половина на идната
година ќе завршат процедурите и ќе почне изградбата на студентските
домови. (МИА)