Насловна / Дневни Вести / „Операција мега Москва“: Проширување на рускиот главен град

„Операција мега Москва“: Проширување на рускиот главен град

moskva-city-modern-architecture.jpg

Москва – Другите мегаполиси можат само да
сонуваат ваков раст за кој Москва е способна, вели Владимир Ресин, првиот
заменик градоначалник на главниот град на Русија.

Ресин, која ја
надлгедува реконструкцијата, е задоволен што градот со повеќе од 10 милиони
жители наскоро ќе се прошири
 речиси два и пол пати од
сегашната територија; од 1.460 на 2.530 квадратни километри.

Најавата дека Москва
ќе приспои огромен дел од околниот регион дојде без најава, и ова налути многу
„москвичи", кој уште еднаш се гледаат себе си само како набљудувачи во својата
судбина.

Помалку од еден месец
откако претседателот Дмитри Медведев побара зголемување на територијата на
градот, беше поднесен нов генерален план. Учество на експерти? Граѓански
иницијативи? Јавна дебата? Нема шанса.

Критичарите на
анексијата се плашат од безмилосна експропријација и крај на самоуправувањето
на околните градови, и последици од други социјални експлозии. Руските медиуми
веќе го насловија проектот како „Операција мега Москва".

Спроведување на ваков
проект во најголема тајност е типично за политичкиот стил на премиерот Владимир
Путин, поранешниот офицер на КГБ, пишува московското списание Комерсант власт.

Се предвидува 24-те
милијарди евра (34 милијарди долари) колку што ќе чини домаќинството на
зимските олимписки игри во резортот Сочи на Црното море, дека е „кикирика" во
споредбна со планираното прширување на Москва, па секаква споредба е без
преседан.

„Сегашната територија
на градот е просто премала за било што – за нови патишта, за градби", рече
Ресин во интервју за московскиот таблоид Комсомолскаја правда.

И граската власт е за
тоа да се премести стариот градски центар во нова Москва. Овој дел од планот
најмалку им се допаѓа на повеќето московјани.

Граѓаните на Москва
одамна трпат заради честите затворања на огромните булевари во градот за
владините официјални лица да можат да брзат кон нивните одредишта, со запалени
полициски светла и непрестајни сирени, без било каква обѕирност кон обичните
луѓе.

Проширувањето на
Москва првенствено ќе го зголеми бројот на нејзините жители најмалку за
четвртина милион. Но експертите сметаат дека стотици илјадници од надвор ќе се
сместат на новата територија, со цел да станат московјани.

Не е лесно да се
најде место за живеење во главниот град, кој традиционално привлекува многу
руси со можноста за наоѓање работа и со повисоките плати.

„Во иднина, она што
сега го нарекуваме Москва ќе биде само историска област, туристички центар,
место за рекреација", рече Ресин.

Не е јасно дали Кремљ
– историското утврдување во срцето на Москва – ќе биде целосно отворено за
туристите.

Засега, само неколку
цркви во Кремљ, оружарници и концертната сала беа достапни за јавноста.
Медведев, чија официјална резиденција е во рамките на царските ѕидини на Кремљ,
досега не коментираше за можното преместување на претседателовиот дом.

Сепак, она што може
со сигурност да се каже е дека во приклучената територија ќе бидат изградени
повеќе нови центри. На пример, во областа Соколово се подготвува научен и
технолошки парк по примерот на калифорниската Силиконска долина. Се работи и на
изградба на згради за новата влада.

Според Медведев, уште
една причина за проширувањето е повеќе од потребното создавање на меѓународен финансиски
центар по примерот на Франкфурт или Лондон.

Изгледот на архитектонската иднина на Москва е ултра модерна Москва сити
деловна област, чии високи стаклени облакодери се лоцирани на само неколку
километри од Кремљ.
 (MIA)

 

Испрати коментар

Scroll To Top