Со додавање на нова терминална зграда од 40 илјади квадратни метри со шест патнички
пристапни мостови, „ТАВ Аеродроми“ го зголеми капацитетот на 4 милиони патници, ја прошири
пистата, како и карго делот и паркинг просторот. Изграден е карго хангар со капацитет од
40.000 тони годишно, нова противпожарна станица, службена зграда од 5.000 квадратни метри,
паркинг за 1.300 возила, 23 места за чекирање, а постојната писта е проширена за 500 метри.
Реконструираниот аеродром
„Александар Велики“ во
Скопје, инвестиција на турски
ТАВ, официјално е пуштен во
употреба. Аеродромот е десет
пати поголем од досегашниот, со
капацитет да обезбеди услуга за
четири милиони патници годишно.
Во скопскиот аеродрoм, кој
„ТАВ Аеродроми“ го презеде во
март минатата година и со него ќе
управува во следните 20 години,
до март 2030 година, турската
компанијата вложи 100 милиони
евра. Модернизацијата и изградбата
траеја 18 месеци и 5 дена.
Со додавање на нова терминална
зграда од 40 илјади квадратни
метри со шест патнички пристапни
мостови, „ТАВ Аеродроми“ го
зголеми капацитетот на 4 милиони
патници, ја прошири пистата, како
и карго делот и паркинг просторот.
Изграден е карго хангар со
капацитет од 40.000 тони годишно,
нова противпожарна станица,
службена зграда од 5.000 квадратни
метри, паркинг за 1.300 возила, 23
места за чекирање, а постојната
писта е проширена за 500 метри.
Во средишниот дел на
аеродромската зграда е поставен
симболот на аеродромот –
споменик на Александар Велики
поставен на коњ. Споменикот
е подарок за Македонија од
Мурат Орнекол, оперативниот
директор на концесионерот ТАВ.
Новиот аеродром, според
инвеститорот, е најмодерен на
Балканот, а поради стратешката
локација треба да стане балкански
транспортен центар. Минатата
година „ТАВ Аеродроми“ го
реновираа и аеродромот „Св.
Апостол Павле“ во Охрид, една
од најпопуларните туристички
дестинации во земјата.
Холдингот „ТАВ Аеродроми“ е
меѓу водечките авиооператори во
светот. Управува со истанбулскиот
аеродром „Ататурк“, со аеродромот
„Есенбога“ во Анкара, „Аднан
Мендерес“ во Измир и „Газипаша“
во Анталија, како и со по два
аеродроми во Македонија, Тунис и
Грузија. Компанијата неодамна го
доби на управување и аеродромот
„Медина“ во Саудиска Арабија. „ТАВ
Аеродроми“ исто така раководи и
со други сектори од аеродромските
услуги како дјути фри продажба,
услуги со храна и пијалаци,
информациски технологии,
безбедност и др. Во 2010 година
компанијата обезбедила услуги
за околу 420.000 летови и за
просечно 48 милиони патници.