Насловна / Дневни Вести / „ГРАВЕ центарот“ – најдобро архитектонско остварување за оваа година во Скопје.

„ГРАВЕ центарот“ – најдобро архитектонско остварување за оваа година во Скопје.

ask2010_thumb.jpg

Скопје – „Граве центарот“, изграден спроти Соборниот храм, е најдобро архитектонско остварување за оваа година Скопје. Негови автори се архитектите Звонко Тасевски и Крсте Петров, од архитектонското студио „ДСЦ дизајн“. Тие се и добитници на Големата награда за архитектура на градот, доделена во рамките на годинешната манифестација „Архитектите за Скопје“. 
Добитници на признанија за посебен придонес во архитектурата се и архитектите Никола Велковски, Светлана Јончевска и Марко Трајковски за административно-деловниот објект „СТИХЛ“, во индустриската зона Визбегово. За апартманско-деловниот објект на „Градба промет“ наградата отиде во рацете на тимот на архитектонското биро „Јасива“. Ателјето „Ајвар“, односно архитектите Миодраг Радоњиќ и Ранчо Христов, со соработниците Ана Пановска-Докузовска и Дамјан Христов, добија признание за катната гаража до ТЦ „Бисер“, а Зорица Блажевска за проектот „Еко хаус“. 
Признанијата ги врачи градоначалникот Коце Трајановски . „Оваа манифестација веќе единаесет години претставува место каде што се среќаваат архитектонските идеи, проекти и визии што го креираат лицето на Скопје и проникнуваат во неговата душа. Големата награда на архитектура АСК 2010 оддава почит на архитектите што даваат посебен придонес Скопје да добие лик на вистинска метропола“, рече Трајановски. 
За овогодишната манифестација пристигнаа 45 труда, но селекторот, архитектот Аљоша Шопар се определи за 37 труда, во кои авторите ја вложиле сета своја енергија, имајќи ги предвид современите текови на архитектурата во светот, но и скромните можности на локалниот амбиент. Изложбата со архитектонските остварувања на АСК е отворена во Музејот на градот.(Порта3)
ask2010.jpgask20103.jpgask20104.jpgask-20105.jpg

Испрати коментар

Scroll To Top