Насловна / Вести / Предупредувачки и застрашувачки податоци – Нема место каде да се избега од загадувањето

Предупредувачки и застрашувачки податоци – Нема место каде да се избега од загадувањето

Една по една, професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија, ги менува мапите на Македонија на кои е прикажан степенот на загадувањето на почвите од различни тешки метали. Како предводник на поголем тим истражувачи, тој десетина години ги испитува почвите низ државата, особено кај жешките еколошки точки.

Со силна црвена боја се обележуваат најконтаминираните области, потоа се преминува кон посветла црвена, па жолта, па побледа зелена, и на крајот, со силна зелена се обележани најчистите. Во зависност од загадувачката материја, кадмиум, никел, жива или нешто друго, различни региони на мапите се со различна боја. Но ниеден регион во земјава не беше зелен на сите нив. Едноставно, не постои незагаден крај.271999-za-zagaduvanje-na-vozduhot-vo-tetovo-kazna-od-2400-evra

Професорот Стафилов е само еден од многуте научници и познавачи на состојбите со животната средина во Македонија, кои добро знаат колку застрашувачки се податоците добиени со истражувањата. Сепак, на земјата сè уште ѝ недостига силна и масовна дебата околу проблемите со загадувањето, како што беше нагласено и на научната трибина што ја организираше Македонското еколошко друштво, а каде што Стафилов, заедно со други излагачи, ја откри предупредувачката, или можеби загрижувачка вистина за тоа во какви услови живее населението.

Македонија, според податоците на Стафилов, годишно создава 19,5 милиони тони индустриски отпад. Од него, 4,6 милиони тони е опасен, токсичен отпад. Околу 90 отсто доаѓа од рударството, а 10 отсто од термоелектраните и од другата индустрија.Bucim Jaloviste1IMG_6454

Јаловишта во рудникот „Бучим“, Радовиш

Состојбата со жешките точки е особено загрижувачка, пред сè Охис, МХК Злетово и рудникот Бучим. Во Охис, каде што врз депонијата со 13.000 тони линдан е фрлена 20.000 тони земја, со што се создал над 30.000 тони опасен отпад, подземните води се стотици пати позагадени од дозволеното, а почвите илјадници пати.ohis (2)

Охис, Скопје

Околу 6,6 квадратни километри од почвата во Велес, што го опфаќа целиот град и просторот околу топилницата, е екстремно загаден. Истражувањата покажале дека таа е неупотреблива, и треба да се отстрани до 40 сантиметри длабочина.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

„МХК Злетово“, Велес

На толкава површина, тоа би значело да се исфрлат 60 до 70 илјади камиони земја. Во реонот на Велес, дури и прашината е 20 пати позагадена отколку што треба да биде почвата. Депонијата од Хемиската индустрија во Велес, пак, која е отворена и напуштена, е радиоактивна.rek bitola

РЕК Битола

Арсен, антимон, талиум и многу други штетни материи има во македонските почви, во огромни количества. Десет квадратни километри околу РЕК „Битола“ се складиште за пепел. Тоа е поголема површина и од градот Битола. Во Јегуновце, пак, подземните води биле загадени дури и до 50 метри под земја. Среќна околност е што било утврдено дека тие води не се мешаат со тие од Рашче, од кои се снабдува Скопје.

Сите податоци ќе послужат за да се изработи геохемиски атлас на Македонија. За него се земени примероци од 1.025 локации, површински и длабински, во мрежа од пет на пет километри, а во некои места и многу погуста. Земени се 2.050 примероци од почва, и 800 од мов.jugohrom

„Југохром“ – Јегуновце

Податоците за загадувањето на воздухот, пак, што ги претстави Светлана Ѓорѓева, раководителката на Македонскиот информативен центар за животна средина, се исто така загрижувачки. Особено во грејната сезона. Оваа не е завршена, но според Ѓорѓева, досегашните мерења покажале дека ќе нема голема разлика во однос на претходната.

А во неа, во четири месеци во Тетово имало само два дена во кои загадувањето со честичките ПМ10 било помало од максимално дозволената граница од 50 микрограми на кубен метар. Дури 136 дена во градот имало загаденост од над 100 микрограми, и имало дури четири периоди во кои загадувањето траело по десет или повеќе дена по ред.

Инаку, толерантната вредност на честичките ПМ10 е 50 на дневно ниво и 40 на годишно ниво, и тие не треба да се надминат во повеќе од 35 дена во годината. Но ова е тешко да се достигне. Во Скопје, мерната станица во Лисиче регистрирала дека 76 дена биле надминати 100 микрограми на кубен метар, а таму и во Гази Баба имало по два периода од континуирано загадување над 10 дена.040_jegunovce_IK

– Загадувањето е толку големо, што кога ги праќаме податоците во Европа, се случувало да ни ги вратат, мислејќи дека сме направиле грешка – рече Ѓорѓева.

Изворите на загадување се познати. Еден е индустријата, и тоа не само големите капацитети, туку и помалите. Потоа доаѓа сообраќајот, бидејќи 80 отсто од возниот парк е стар и е надвор од европските стандарди, а со увозот на стари возила од 2007 до 2014 година бројот на автомобили се зголемил за 40 отсто. Домаќинствата се грејат 62 отсто на дрва, а 29 отсто на струја. Лошата урбанизација и сечењето на зеленилото, пак, уште повеќе придонесуваат.

Интересно е, како што нагласува Ѓорѓева, дека присуството на сите други загадувачки материи во воздухот драстично опаднало со текот на годините, сулфурниот двооксид, јаглеродниот моноксид итн, но ПМ честичките бележат огромен раст. Затоа, препорачува таа, треба многу да се работи на сообраќајот и на греењето во домаќинствата за да се надмине проблемот.

Колку загадувањето ја чини Македонија, според објаснувањето на професорот Драган Ѓорѓиев од Институтот за јавно здравје, се мери во години на загубен живот. Тие се пресметуваат според бројот на луѓето што починале од болести поврзани со загадувањето, колку години им се скратиле од животот. По оваа формула, Македонија годишно губи 11.655 години живот. Економската штета, пак, се проценува на 250 милиони евра годишно.

Односно, ако луѓето што починале или што станале тешко болни, губејќи ја работоспособноста, останале живи и здрави, и продолжеле да работат и да придонесуваат за економијата, таа ќе била поголема за оваа сума пари.

7 коментари

  1. Saso Stojanovski

    Kade e mapata?

  2. Trebaše na vreme da se grada Skopje na i zad južnite padini na Vodno. Tuka vo San Francisko, kade sum kaj kerka mi i vnukite nema toj problem osven isti kako Skopje – trusno podračje. No se živee vo drveni kući so široki ulici od 25 metri so trotoari od 4-5 metri. A vo Belgrad, kade što se peseliv pred tri godini, nema takov prolem- a kako što reče, užanso slab arhietkt a slaven, Korbazie: “Najružniot grad na najubavoto mesto”, so dve golemi reki izgraden i se gradai na 29. vozvišenia.

  3. Јордан Јакасановски

    Почитуван професоре Стојанов! За пофалба е студијата на еден толку актуелен труд од областа на екологијата кја сте ја изработиле заедно со реномираниот стручен тим, прикажувајки го присуството на тешките метали и причинителите на нивното постоење. Ви честитам и на храброста за објавуванјето на имињата на загадувачите , односно фирмите и нивните сопственици или управителите , кои со децении и беа „ НЕПОЗНАТИ“ на јвноста и недостапни на правдата и законите. Беа потребни пет децении оваа „табу тема“ без извинуванје или чувство на одговорност кон даночните обврзници, да им се соопшти каде се потрошени нивните пари и кој придобивки со тоа се добиени. За жал, поради направено на голем број стратешки грешки во изброт на технологијата и опремата за заштита на околината, непочитуванјето на мерките за безбедност од загадување , ло-шиот избор на локацијата на објектите најчесто во непосредна близина на градовите, коруптивните манипулации на релација загадувачи и одговорните инспекциски органи … И од сето тоа резултатот е очевиден – комплетно и агресивно уништени природни ресурси (подземни води, реки и езера, почва и воздух) и рапидно проширување на кардиоваскуларни и онколошките болести. И СЕ УШТЕ НИШТО НЕ СЕ ПРЕВЗЕМА и НИКОЈ НЕ Е ОДГОВОРЕН. НИЕ НЕ ЈА ЗАСЛУЖУВАМЕ ОВАА ЗЕМЈА.

  4. Убаво ова се, но… има една работа. Сите сме против загадување (и јас сум) , ама никој од нас не е подготвен да се откаже од сите погодности на индустриското општество. Компјутери, коли, струја, супермаркети, тоалетна хартија итн, итн. Од каде мислите дека доаѓаат овие работи? Од небо паѓаат? Од рудници, каменоломи, елекратни, фабрики итн. Тоа е реалноста. Се додека не си признаеме и реѓиме што сакаме всушност во животот, ништо не правиме. Ако сакаме индустриско општество и да уживаме во цивилизаиските придобивки, тогаш загадувањето е неизбежно.

  5. Deka se ova funkcionirase vo Jugoslavija e poveke od tocno. Togas nikoj ne smeel da pomisli da meri, da kaze, da alarmira za zagaduvanjeto. Seka nitu topilnica raboti, najmalku pak istata zagaduva. Zagadenoto e od vreme na prethodnata drzava, ne od sega. Bidete svesni za toa.

Испрати коментар

Scroll To Top