Насловна / Архитектура / Предавање и разговор со архитект Митеш Диксит на Архитектонски факултет

Предавање и разговор со архитект Митеш Диксит на Архитектонски факултет

000

Во петок, 9 декември, во 12 часот во амфитеатарот на Архитектонски факултет – Скопје, ќе се одржи предавање и разговор со архитект и филозоф Митеш Диксит. Настанот е резултат на соработката меѓу независната образовна платформа SCAPES:LAB(https://www.facebook.com/scapeslab/), Архитектонскиот факултет – Скопје и DOMAIN OFFICE(http://www.domainoffice.eu) (Њујорк – Ротердам), која започна во 2014 година со тематскиот програм Flat.SCAPES:LAB во Холандија.

Како дел од професорскиот програм на Американскиот Стејт Дипартмент, архитектот Митеш Диксит за време на оваа посета ќе пренесе серија тематски предавања и во земјите од регионот, кои ќе бидат одржани во Нови Сад, Белград, Ниш и Подгорица.

001

Митеш Диксит од архитектонското студио DOMAIN OFFICE, во неговото предавање On Process ја истражува релацијата на теоријата и праксата, прашањето за постоењето и значењето на теоријата и суштествената конституција на дефиницијата при процесот на проектирање. Преку анализа на три проекти од различна архитектонска типологија, контекст и локација, Диксит ќе ја илустрира тенденцијата и копнежот на архитектонското студио DOMAIN OFFICE во потрага по „нова“ дефиниција во праксата.

Предавањето ќе се одржи на англиски јазик, без можност за симултан превод.

002Lecture ‘On Heritage’ to Kickoff the KreNi2 Conference in Niš ,Serbia

Архитектот Митеш Диксит го основал архитектонското студио DOMAIN OFFICE во 2012 година. По завршувањето нa основни и дипломски студии на политичи науки и филозофија, Диксит завршува мастер студии во областа на архитектура при Washington University во St. Louis. Својата кариера ја започнува во Сан Франциско во архитектонското биро SOM (Skidmore, Owings & Мerril). Пред основањето на DOMAIN OFFICE, Диксит соработува со Рем Колхас во OMA (Оffice for Metropolitan Architecture) како проект-лидер на многу меѓународни проекти меѓу кои се вбројуваат MahaNaKhon Tower во Банкок, Commonwealth Institute во Лондон, Kuala Lumpur Financial District во Малезија.

Во 2011 година се приклучува на Техничкиот универзитет во Делфт (TU Delft) во Холандија, како визитинг професор на Kатедрата за архитектура, урбанизам и критичка теорија, а од 2013 до 2016 година станува и уредник на Катедрата за комплексни проекти (Chair for Complex Projects) при TU Delft. Помеѓу другото, го водел студиото „Архитектонско насилство“ (Architecture Violence), кое се фокусира на регионот на американско-мексиканската граница, како и дипломското студио „Во Чикаго“ (In Chicago).

003Paco Park, São Bernardo do Campo, Brazil

004Building Z, Antwerp, Belgium

005Planta exhibition, Venice, Italy

 

006Data Centre, Dorrance County, Pennsylvania

Испрати коментар

Scroll To Top