Во последно време главен предмет на дискусија помеѓу жителите на Скопје е дека нашиот град полека прераснува во „Дизниленд“, како што многумина го нарекуваат. Насекаде гледаме „барокни“ фасади, пренатрупаност од статуи и скулптури, зеленилото е сведено на минимум, а секој преостанат и слободен простор во градот е „предизвик“ за градителите за уште една станбена зграда. Со еден збор, градот Скопје почнува да се гуши како резултат на таа градителска инвазија, а неговите жители полека почнуваат да ги забораваат квалитетите што градот ги поседува.
Но, не е се така „сиво-барокно“ во Скопје. Наместо постојано да го критикуваме, треба за момент да помислиме на неговите вредности. Следните фотографии треба да ни бидат еден потсетник за убавините на нашиот град, кои треба да ги негуваме и почитуваме.
Соборна црква, Центар
Жичара, Водно
Милениумски крст, Водно
Градски парк
Градски парк
Стара скопска чаршија
Објектите од турско време во Старата скопска чаршија
Дебармаалските кафеани
Скопско кале
Кањон Матка
Брана Козјак, во околината на Скопје
Кејот на реката Вардар
Панорама кон градот Скопје